Огнот брзо се проширил, интервенирале и хеликоптери
Најмалку пет лица се повредени во пожар што избувнал во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“. Меѓу повредените има и тројца пожарникари, според информациите на албанските медиуми.
Video of a heavy fire erupting in apartment building in Tirana, Albania pic.twitter.com/H72IKMg4CH
— Skerdilajd Zaimi (@PublliusCS_a) April 14, 2026
Евакуација преку прозорци и голема материјална штета
Засега не е позната причината за пожарот, кој за кратко време ја зафатил целата зграда. Во гаснењето, покрај противпожарните екипи, биле ангажирани и хеликоптери кои интервенирале од воздух.
Снимките од местото покажуваат евакуација на граѓани преку противпожарни скали поставени до прозорците. Во зградата живееле и постари лица.
Пожарот предизвикал голема штета, при што целосно е уништена фасадата на новоизградената зграда. Густ црн чад бил видлив од повеќе делови на градот.
