-И со самото тоа да имаме законска реализација околу 95%, нешто што општините во минатото зборувам за општина Охрид го немала, ниту пак е приближно, додава тој.
Пецаков додаде дека добар дел на средствата од Буџетот се насочени на капиталните инвестиции, односно расходи.
-Добар дел од средствата се насочени на капиталните инвестиции односно расходи, за од прилика 160 милиони денари за 2022 година. Добар дел зазема и основното и средното образование каде што ќе реновираме доста од училиштата во самиот град. И мислам дека она што треба да претставува припрема за 2023 година односно стабилизирање на општина Охрид покрај долгот кој што го наследивме е огромен. Не е она што го викаа како општина и како што го даваа како официјални податоци дека е 7 милиони евра, туку станува збор за 14 милиони евра долг на општината и 8 милиони евра од претпријатијата и тоа значи вкупно општина Охрид со јавните претпријатија должи 22 милиони евра, нагласи Пецаков.
Пецаков посочи дека треба да се пронајде начин за да се намали енормниот долг наследен од претходниот градоначалник. Општина Охрид и граѓаните не заслужуваат да страдаат поради грабежот на претходниот градоначалник.