Кандидатот за градоаначлник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков истакнува дека помените започнаа, а на граѓаните им порача дека истите ги донеле тие.
-Нашите вистински хеори од секојдневието кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на нашето време. Нашите соседи, пријатели, како и сите околу нас кои имаат срце за оваа земја и надеж за големи победи. Знам дека ви е доста од лошото владеење со градот и изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Доста е со црните кампањи, уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата, со купување гласови, со потценување на народот. Тие ви ветуваа многу, но ништо не сработија. Сега повторно се обидуваат да ве измамат, вели Пецаков.
Им порачува на охриѓани да не дозволуваат да им украдат уште четири години од иднината.
Да се обединиме за заедничката цел. 31 октомври е денот кога одлучуваме за иднината. Новата иднина има да донесе просперитет, ред и напредок на Охрид. На 31 октомври излезноста е клучот. Затоа го повикувам тивкото мнозинство повторно да одбере и неговиот избор громогласно да одекне. Да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ние ја посакуваме.
Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани! Сум бил и има да останам човек кој ги брани вашите интереси! Јас и не знам поинаку! Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина, порача Пецаков.