Втор пат во овој мандат, додека трае значи оваа година дена скоро веќе, каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан е на посета и имаме она кое што тековно се работи. Денеска ќе посетивме шест од проектите кои што во моментов се работат, инаку вкупно на десет локации во градот имаме проекти. И ова е градежна офанзива во наредниот период ќе продолжи по интензивно со асфалтирање на локални улици, улички и сокачиња и поплочување со бекатон плочки онаму каде што не е возможно да се асфалтира, изјави денеска за медиумите градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков откако претходно извршија увид на градежни активности на повеќенаменско игралиште во село Велгошти заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека и за многу други проекти финишот ќе го видиме во наредните месец дена.
– На неколку локации посетивме, каде што имаме фекална канализација, онаму каде што немало во населени места. Го решаваме водоснабдувањето во селото Лескоец со преку 500 метри водоводна нова линија главна, која што ќе ги снабдува жителите на село Лескоец. Ова е едно од двете ветени повеќенаменски игралишта во Охрид кои што беа во мојата програма и ова е пред самиот финиш. До крајот, односно на почетокот на наредната недела, веќе ќе го добие конечниот лик и во Велгошти ќе имаме современо игралиште, за кое што лично јас се гордеам, а секако и сите оние кои што тука живеат. Денеска продолжуваме на една улица, кракот на улица Мирка Гинова со асфалтирање, а веќе од понеделник продолжуваме, буквално, во секое населено место и секое село да ги решаваме тие проблеми. И за нас уште еден крупен проект кој што ќе го посетиме во текот на денот, односно на крајот на денот, а тоа се улиците Прилепска во Будва, каде што покрај решавањето на овие улици и добивањето на современ лик на самата реконструкција имаме и уредување на речното корито на реката Сушица, со тоа што ќе добие, буквално, модерен лик и таму се заокружува еден цел концепт во населбата Црногорци према Железничка, на уредувањето на улиците, појасни Пецаков.