На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се вакцинираат вицепремиерите за економски и за европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи, за правда, за финансии, за економија и за локална самоуправа, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.
По вакцинацијата, предвидено е изјава да дадат претседателот Пендаровски, министрите Бочварски и Маричиќ и вицепремиерот Димитров.