Стево Пендаровски го призна поразот, но уште еднаш го напомена тивкиот бојкот на дел од гласачите во Македонија, и дека да им било овозможено да земат и претседателско ливче, трката ќе била понеизвесна.
„Уште пред Нова година знаев дека сондажите не се во онаа кондиција како пред 5-6 години, но анализите покажаа дека мојот рејтинг е над рејтингот на СДСМ, и се надевав дека можам да бидам рамноправен натпреварувач. Она што денеска се случи не ми овозможи да бидам рамноправен. Денеска стотици илјади граѓани на плански начин им беше оневозможено да земат второ ливче. Јас сум убеден дека оние 330.000 гласови кои отпаднаа од петте кандидати од првиот круг, дека се далеку блиску до мојот политички концепт, отколку до концептот на противкандидатката. Од моја непозната причина, од теснопартиски извори, направија таква калкулација“, изјави Стево Пендаровски.