Уште денеска ќе поднесам оставка ако тоа ѝ помогне на Македонија во евроинтеграциите. Ова синоќа го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во телевизиско интервју за Трилинг.
„Ако скратувањето на мојот мандат од неколку месеци ќе и помогне на Македонија да напредува во евроинтеграциите или не знам во демократијата, уште денеска ќе поднесам оставка“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Според претседателот на државата, подготовката за уставните измени ќе започне овие месеци и треба да заврши пред почетокот на летните одмори.
„После тоа пополека влегуваме во предизборна атмосфера и сега се чуствува и тука и таму и атмосферата може да биде само полоша. Не би сакал да видам друг начин за да дојдеме до 2/3 и промена на Уставот сега, во однос на Бугарите освен дебата со опозицијата. Не знам зошто на друг начин би те убедувал со давање на пари, привилегии, јас не размислувам ни тогаш ниту сега за друг начин комбинација за некого да натераме од денешната опоцијата која има јасни позиции против промена на Уставот“, додава Пендаровски.
Претходно, во месец февруари опозицијата бараше оставка од претседателот поради како што рекоа тие лажните ветувања кон граѓаните болни од цистрична фиброза.
„Оставки и одговорност. Стево Пендаровски, биди доблесен и поднеси оставка веднаш“, рече тогаш Ковачки.