Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.

Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.

– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во С. Македонија и за случувањата во поширокиот регион.

Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република  Македонија, наведува Пендаровски во објавата на ФБ.