Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“.
Според Кирби, Русија од почетокот на воената операција во Украина имала меѓу десет и 20 активни воени бродови во Црното и во Азовското Море, така што е „тешко да се процени каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод“.
-Тие се уште имаат доволен број воени капацитети на море, заклучува Кирби.
Претходно беше соопштено дека на воениот крстосувач „Москва“ избувнал пожар, по што дошло до експлозија на муниција на бродот што подоцна потонал.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека посадата на „Москва“ е евакиурана, како и дека не било воопшто оштетено ракетното оружје на бродот.