Пешак бил повреден во сообраќајка што се случила попладнево кај кавадаречката болница. Полицијата врши увид на лице место.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, засега не можат да се кажат детали за сообраќајната несреќа.
Тој соопштува дека во пешакот удрило патничко моторно возило, на улицата „Шишка”.