Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на академијата за Свети Климент истакна дека словенската писменост во Македонија е наша непроценлива културна оставнива која вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен.
„Во црквите што ги изгради Климент и во Охридската книжевна школа свети огнот на писменоста, свети огнот на верата, свети огнот на вистината. Овој оган вечно ќе свети и ќе сведочи за тие што овде суштествувале многу пред нас, за нивните мисли, фантазии, за нашето минато. Словенската писменост во Македонија е нашата непроценлива културна оставнина, оти таа вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен, дека овде живее народ со традиција, народ со историја“, истакна Пешевска.
Таа во својот говор потенцираше:
-Во ова време кога македонскиот народ е соочен со тоа што некој од надвор се обидува да ни каже кои сме и што сме ние Македонците, да некој од надвор сака да ни наметне некаква заедничка историја, нашиот одговор е овој: „Македонскиот народ има свој јазик и своја историја како основа на македонската посебност, а Свети Климент Охридски е доказ за тоа“.