Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, денес беше во посета на општинските комитети на Унијата на жени во Берово, Пехчево и Делчево.
-Локалните власти на СДСМ немаат реализирано ништо од она што го имаат ветено на локалните избори во 2017 година. Времето по градовите е застанато, нема нови проекти, нема напредок во ниту една сфера во државата. Жените се мотивирани и ќе бидат предводници на промените во Македонија, а по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Македонија доаѓа времето на жените, изјави Пешевска.