Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинале на планината Елбрус во Русија, пренесува рускиот портал Lenta.ru. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината.
Повикувајќи се на информации од рускиот Telegram-канал Shot, руските медиуми наведуваат дека преживеале само двајца членови на алпинистичката група. Еден маж успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата се хоспитализирани и се под лекарски надзор.
Информацијата дека група туристи останала заробена на Елбрус и не можела да се симне од планината се појавила на 25 јули. Според локалните водичи, временските услови на почетокот биле релативно поволни за искачување. Сепак, времето нагло се влошило, а брзината на ветерот достигнала 45 километри на час, за до утрото да се засили на околу 70 километри на час.
Истражната управа на Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно соопшти детали за почетокот на трагедијата и потврди дека е отворена истрага.
Според информациите од прес-службата, на 25 јули група од седум лица тргнала во освојување на Елбрус. Еден од алпинистите успеал да се спушти и пријавил дека на двајца членови од групата им се слошило на надморска височина од 5.100 метри.
„Според достапните информации, тие починале. Во тек е потрага по уште четворица алпинисти“, соопшти тогаш рускиот Истражен комитет.
Подоцнежните информации што ги објавија руските медиуми ги потврдија најцрните стравувања – бројот на жртви се искачи на пет, а од четворицата по кои се трагаше, спасено било само уште едно лице.
Планината Елбрус е највисокиот врв во Европа и Русија, но е позната по исклучително суровите и непредвидливи временски услови. Како потсетување на опасностите што ги носи оваа планина, руските медиуми наведуваат дека само неколку дена претходно, на 19 јули, за време на искачување загинало 11-годишно момче, додека неговиот татко бил тешко повреден.
Елбрус е највисокиот планински врв во Европа и Русија, со надморска височина од 5.642 метри. Се наоѓа во западниот дел на планинскиот венец Кавказ, во јужна Русија, недалеку од границата со Грузија. Од геолошки аспект, Елбрус е заспан стратовулкан со два препознатливи врва – западен (повисок) и источен – а неговите падини се покриени со вечен мраз и десетици големи глечер
