Пет лица повредени во сообраќајка

П
Хроника 19.11.2022. 12:30

Од петмината повредени помеѓу двете возила што синоќа се случи кај селото Мартолци, тројца се задржани на болничко лекување во велешката Општа болница, а еден од повредените по прегледот е пуштен на домашно лекување. Сите тројца повредени се со лесни повреди без скршеници, но сепак се задржани на лекување во велешката Болница, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница.

Таа појасни дека сите повредени биле снимани на компјутер и рендген. Еден од повредените има лесни повреди на глава и граден кош, а останатите двајца се со лесни повреди на глава и посекотини.

Според информацијата за МИА од СВР Велес сообраќајната несреќа меѓу двете возила кај село Мартолци била пријавена синоќа во 19.15 часот во СВР Велес.

Во сообраќајката имаше петмина повредени, возачите на двете возила и тројца сопатници од возилото „пежо”. Сообраќајката била помеѓу „матиз” со охридски регистрески таблички управувана од 29-годишниот Н.К од Општина Чашка и „пежо” управувано  од Н.Д од село Богомила, информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Од СВР Велес како што рече Самарџиев, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес.


Останати вести од Хроника