Загинатите во текот на искачувањето на Елбурс, потекнуваат од пет различни региони во Русија, и меѓу нив е 39-годишен маж а другите се четири жени од 32 до 40-годишна возраст, соопшти во петокот рускиот Истражен комитет.
Другите 14 членови на комерцијалната експедиција се спасени од повисоките делови на Елбрус во услови на бура и силен ветер и масивни снежни врнежи, со температури од минус 20 Целзиусови степени, соопшти регионалната служба за вонредни состојби.
Од преживеаните 14 од групата која броела вкупно 19 лица, 11 се хоспитализирани, од кои двајца се на интензивна нега, тројца се на терапија, тројца се со измрзнатини, двајца на травматологија и еден е подложен на операција на градниот кош. Покрај тоа, двајца водичи и нивните помошници се исто така повредени и се под надзор на лекари.
Истражниот комитет во врска со несреќата покрена кривична истрага за дело пружање услуги кои не ги исполнуваат барањата за безбедност и здравјето. Санкциите според овој челен предвидуваат затвор до десет години.
Групата руски планинари упатила повик за помош во четвртокот по 17 часот по локално време. Горските спасувачи 14 лица успеале да спуштат во долината Азау. Спасувањето е изведено „во најтешките можни услови“, објави горската служба за спасување. Несреќата се случила на малку повеќе од 5.000 метри надморска височина.
Под самиот врв, една планинарка почнала да се чувствува многу лошо, водичот почнал да ја враќа назад но починала на неговите раце. Друг член на групата потоа ја скршил ногата па бил носен низ планината и било загубено драгоцено време, раскажува Денис Алимов, организатор на комерцијалното искачување на Елбрус.
„Времето катастрофално се влоши, одлучивме да се раздвоиме во три групи, на побрзите и побавните членови. Одлуката да се раздвојат беше добра, инаку ќе имаше уште повеќе жртви“, вели 48-годишниот Алимов за агенцијата ТАСС, додавајќи дека потоа на симнувањето до смрт измрзнале уште две лица, а две ја загубиле свеста и исто така умреле.
Денис Алимов е сопственик на агенцијата „Elbrus.Guide“ која организира искачувања на високи планини за клиенти кои не се доволно вешти за самостојни искачувања. Тој и неговите водичи се искусни алпинисти со искуства од Хималаи, вклучително и освојувања на Монте Еверест.
Најголемата трагедија со комерцијалните алпинистички експедиици се случи во мај 1996 година на највисокиот врв на планетата Монт Еверест. Тогаш загинаа 12 лица, меѓу кои и тогаш двајцата водачи на најпрестижните агенци кои пружаат водички услуги на Хималаи, Роб Хал од „Аdventure Consultants“ и Скот Фишер од „Mountain Madness“.
Поради желбата на нивните клиенти да дојдат до врвот, водичите, главно локални шерпи, некои морале да го влечат па дури и да ги носат. За овој случај напишани се книги и снименн е филм, но остана непознато зошто водичите клиентите не ги свртиле назад, откако во договореното врмее не стасале на 8.848 метри високиот врв. Поради доцнењето и бавноста не усепале да ја избегнат страшната бура и да се спуштат во пониските базни логори.