Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека како иден премиер ќе се залага за одржување на добрите односи со Македонија и со другите држави со кои Унгарија има стратешко партнерство.
Тој посочи дека промената на власта нема да значи нарушување на постојните релации.
Одговарајќи на новинарско прашање од грузиски новинари во врска со односите меѓу двете земји:
„Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Македонија или на други места“, изјави Маѓар.
Оваа изјава на новиот унгарски премиер доаѓа откако лидерот на македонската опозиција Венко Филипче, интензивно од вчера најавуваше дека новата влада во Будимпешта ќе ја руши владата во Скопје.
