-Прво, изградба на нова автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај, којашто е предвидена согласно ДУП односно на просторот помеѓу Здравствен Дом Виница и бензинската пумпа на „Дади компани“. Реализацијата на овој проект ќе значи и отворање на нови работни места, подобрена сообраќајна инфраструктура и поврзаност. На сегашниот простор наменет за запирање на автобусите ќе изградиме современ паркинг простор со што ќе ја подобриме состојбата со паркирањето во Виница, вели Петков.
Посочи дека овој дел од централното градско подрачје ќе добие нов урбан лик, осветлен и хортикултурно уреден.
-Второ, на планината Плачковица во место викано Маринково ќе донесеме план за изградба на туристичка и викенд населба за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси со што ќе се овозможи развој на планинскиот туризам. Планината Плачковица и врвот Лисец се омилена дестинација за рекреација и кампување на голем број на граѓани. Тука има голем потенцијал за развој на планинскиот туризам и затоа оваа дамнешна желба на граѓаните на Општина Виница, ќе стане реалност. Ќе донесеме урбанистички план, со што физичките и правните лица ќе имаат можност да добијат градежни парцели за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси. За пристапот до туристичката и викенд населба ќе извршиме и рехабилитација на патниот правец од с. Градец. објасни Петков.
Кандидатот нагласи дека секој еден проект од изборната програма е добро осмислен, реален и е резултат на потребите и барањата на Вас граѓаните на општина Виница.
Затоа на 17-ти октомври ја бараме Вашата поддршка за промени, проекти, победи.