Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека препораката на премиерот на косовскиот премиер Албин Курти – Скопје да се приближи до Косово, Албанија и Бугарија и да се оддалечи од Србија, е грубост и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави, како што вели, во моментот кога тој со неговата посета се впушта во дестабилизација на Македонија.
Петковиќ изјави дека Курти отпатувал во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената Голема Албанија.
„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Северна Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект“ изјави Петковиќ, чија реакција е пренесувана од канцеларијата за Косово.
Тој додаде дека е разбирливо Курти да го напаѓа Белград од Тетово, кој во блиското минато бил во фокусот на албанскиот сепаратизам во Македонија, бидејќи Србија е најконзистентен и најискрен пријател на Македонија во регионот.
Петковиќ апелираше до сите во Македонија да не подлегнуваат на пропагандата и воинствената реторика на Албин Курти, туку да продолжат да градат просперитетна држава.
„Што друго е потребно за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое ако не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан“, вели Петковиќ во соопштението, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека преку иницијативата Отворен Балкан и на сите други начини, Србија ќе продолжи да гради мостови на пријателска соработка со сите оние кои се грижат за нашиот регион засекогаш оставајќи го зад себе мрачното доба на меѓуетнички поделби и конфликти и тргнувајќи по патот на развој и напредок.