Пет лица се повредени во пукање што рано утрово се случило на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно од нив е во критична состојба.

Инцидентот се случил околу 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“, пренесува NBC News.

Според универзитетот и полицијата, сите петмина повредени биле пренесени во локалните болници. Едно лице се здобило со тешки повреди и се наоѓа во критична состојба, додека останатите четворица имаат полесни повреди.

Во инцидентот, според надлежните, учествувале повеќе лица. Полицијата продолжува да ги утврдува сите околности под кои дошло до пукањето и што му претходело.

Засега не се соопштува можниот мотив за нападот, ниту има информации дали некој е уапсен во врска со пукањето.