Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар.

Автобусот паднал во канал и се превртел во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ.

-Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар на Фејсбук утрово.

Спасувачките служби извлекоа 35 повредени лица од автобусот.

Според унгарските медиуми, во туристичкиот автобус имало 57 патници и двајца возачи.