Ако се бара меѓународна истрага, дали утре не може да бараме и за други предмети, дали тоа не е начин за целосно да се поткопа довербата во судството. Тука имаме поткопување на независноста на судство, како извршната власт ќе му овозможи независност, ако носи рандом одлуки за кои ќе бара ревидирање или истрага, вели Натали Петровска од Коалиција за правично судење во Топ Тема на Телма каде се дискутираше на тема за договорот на Заев и Гаши и најавеното отворање или меѓународно мониторирање на судски случаи, како што се случајот Монструм, за малиот Алмир, Диво Насеље.
Таа изразува загриженост за непочитување на поделбата на власта и според неа извршната власт не е таа која треба да го преиспита работењето на судската власт. Тие две власти и по устав се поделени.
– Не е коректно да се изберат однапред предмети, без да се направи анализа за што станува збор, ниту е издржано без аргументација зошто баш тие предмети, рече Петровска.
Според неа меѓународна истрага на завршени предмети не е возможна, и смета дека се работи за погрешно дефинирање.
– Меѓународна истрага на завршени постапки не е возможна, поминати се сите истанци на македонското судство и да имало постапка пред Европскиот суд за човекови права и тоа ќе било завршено. Овде најверојатно станува збор за некакви извештаи како е тоа работено и прашањето е што понатаму, истакна Петровска.