Министерката за одбрана Славјанка Петровска остварила средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Како што напиша на нејзиниот фејсбук профил Петровска, изразиле силна осуда на рускиот напад врз Украина и се согласиле дека единството на сојузниците во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на земјите членки.

– Благодарност до амбасадорката за честитките за втората годишнина од членството на Македонија во НАТО која ќе се заокружи овој месец, но и за поддршката од пријателска Романија за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, објави на фејсбук министерката Петровска.