Петти ден без трага или глас од исчезнатиот Богољуб Митов (63) од Ченто, кој беше пријавен за исчезнат на 27. октомври.
Митов страда од деменција, а во моментот на исчезнување носел сив чемпер и влечки. Нема со себе документи ниту мобилен телефон.
Неговото семејство апелира до јавноста за помош во потрагата.
Ако сте го забележиле, ве молиме јавете се на 078865670, Александра Митов или во полиција.