Нов, петти случај на западнонилска треска регистриран во земјава. Пациент од струмичко една недела е хоспитализиран на Инфективната клиника. Во наодот нема податок дали 62-годишниот маж патувал надвор од Македонија. Пред 10 дена на инфективна почина 78-годишен жител на Чешиново-Облешево поради компликации од вирусот.
Во април и во јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западнонилска треска кои биле импортирани случаи, а тестираниот во август не патувал надвор од државата.