Влезот на Хрватска во Шенген зоната не ја промени ситуацијата во однос на спорот за поморската граница со Словенија.
Влезот на Хрватска во Шенген зоната не ја промени ситуацијата во однос на спорот за поморската граница со Словенија. Словенечките и хрватските рибари продолжуваат да добиваат казни за риболов во Пиранскиот залив. Додека хрватскиот премиер предлага, како што вели, прагматично решение на прашањето, неговиот словенечки колега повторува дека арбитражната одлука за границата е конечна за Словенија. Проверивме дали тужбата на словенечките рибари до Европскиот суд за човекови права може да промени нешто, пренесува Aljazeera Balkans.