Средбата, како што објави Би-Би-Си, би можел да придонесе 35-годишниот Писториус да биде пуштен на условна слобода.
Писториус првично беше осуден на петгодишна затворска казна поради убиство од небрежност на својата девојка, но во 2014 година делото беше окарактеризирано како убиство со предумисла и судот ја преиначи пресудата во казна затвор од 13 години и пет месеци.
Адвокатот на семејството Стинкамп, Тања Коен, изјави дека „мајката на Рив му прости на Оскар за убиството на нејзината ќерка, но тоа не значи оти Писториус треба да биде пуштен на слобода пред да ја отслужи казната во целост“.