Германските власти во градот Дуизбург приведоа маж осомничен дека подготвувал терористички напад на произраелски митинг денеска, објави Билд, повикувајќи се на информации од безбедносните служби.

Весникот пишува дека осомничениот Тарик С. бил приведен по полициска рација и претрес во неговиот стан, но не го прецизирал датумот и времето на апсењето.

Тој беше приведен врз основа на дојава од странски разузнавачки служби кои на германските колеги им обрнаа внимание на преписката на 45-годишниот Тунижанец во која тој ги опишува своите планови.

Тунижанец наводно планирал со камион да ја прегази толпата собрана на произраелски митинг во покраината Северна Рајна Вестфалија.

Билд додава дека осомничениот бил инспириран од неодамнешниот терористички напад во Брисел кога приврзаник на Исламската држава, исто така Тунижанец, уби двајца шведски навивачи и рани уште еден маж.