Откако Хрватска денеска доби едногласна поддршка од Советот на министри за внатрешни работи и за правда во Брисел за влез во Шенген зоната на 1 јануари следната година, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека најголема корист ќе имаат граѓаните и хрватската економија.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека „Хрватска е во Шенген“ и оти повеќе нема граници на нејзиниот европски пат.
– Ги исполнивме сите услови, минавме низ долг и тежок процес, а на Советот за внатрешни работи одлуката беше донесена со целосна согласност, напиша Божиновиќ на Твитер.