Во Охрид во тек е заедничката прес-конференција на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Обраќањето следува по денешната средба меѓу двајцата премиери, реализирана во рамките на посетата на Пленковиќ на Македонија. Во фокусот на разговорите се билатералните односи, соработката меѓу двете земји и европските вредности. Мицкоски претходно изрази задоволство од посетата, оценувајќи дека ваквите средби се јасен сигнал за континуитетот на одличните односи меѓу Македонија и Хрватска. Тој ја нагласи и важноста на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Од заедничката прес-конференција се очекуваат повеќе детали за разговорите во Охрид и за идните чекори во соработката меѓу двете влади.
Следете во живо:
