Силекс дојде до деветтата прволигашка победа сезонава со двата гола на Пепи Ѓоргиев (17 и 75 минута) и Давид Манасиевски (23), додека Марјан Радески (77 од пенал) и Бојан Димовски (82) беа стрелци за струмичкиот прволигаш.

Силекс сега се искачи на деветтото место на табелата со 32 бодови, два помалку од Академија Пандев, која остана седмопласирана. Двете екипи ги очекува нова пресметка, на 19 мај во Скопје, во рамки на финалето на Македонскиот куп.

Преостанатите пет натпревари од 29. коло во ПМФЛ се играат в недела, а двојките се: Македонија ЃП – Струга Трим, Пелистер – Ренова, Шкендија – Борец, Шкупи – Работнички и Вардар – Беласица.