Вчерашното краткотрајно невреме предизвика хаос во општините Аеродром и Гази Баба. Освен што снема струја, дрвјата паѓаа врз автомобили, а предизвикана е и голема материјална штета.
ЕВН Македонија го санираше дефектот со поголемо доцнење, а се огласија дека станува збор за комплициран дефект кој бара повеќе работа.
Според досегашните информации прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.