Според изјавата на полицијата во центарот за вакцинација во Бобинген, во областа Аугсбург, вакцинирано е дете, чиј татко поднел пријава.

Во тек е истрага која според „Аугсбургер алгемајне“ треба да утврди како детето ја примило вакцината.

Вакцината требало да му биде дадена на таткото, кој закажал состанок, на кој дошол со својата ќерка.

Според медиумите, лекарот кој требало да ја спроведе вакцината го прашал девојчето дали се плаши од инекции.

Во моментот кога ја дезинфицирал раката на детето, таткото сметал дека станува збор за шега. Сепак, веднаш потоа, лекарот ја боцнал со вакцината од компанијата Бионтек-Фајзер .

Оваа вакцина во моментов е дозволена само за лица над 12 години.

Според медиумите, девојчето се чувствува добро по вакцинирањето.