Германските спортски медиуми пренесуваат нови информации околу здравствената состојба на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, кој пред неколку дена колабираше на еден од тренинзите на тимот.

Стратегот веднаш бил итно пренесен во болница, каде што по лекарските интервенции неговата здравствена состојба е целосно стабилизирана. Според извештаите, тој во моментов се чувствува добро и се наоѓа во одлично расположение.

И покрај позитивните вести за неговото закрепнување, ќе помине извесен временски период пред тој да добие дозвола да се врати на клупата и на своите редовни работни обврски во баварскиот клуб.

„Тој е добро расположен, се чини дека секој ден му е сè подобро. Тоа е многу позитивно. Многу е смирен. Знае дека го има потребното време за закрепнување“, открива Данкс.