По матирањето што го доживеа опозицијата на претходната седница, денеска води политика, а ние бараме институционални одговори. Надзорната расправа за АЛТА банка треба да утврди факти, законски надлежности и конкретна одговорност, а не да се претвори во политичка пресметка, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Пратеникот упати јавна реакција по повод тековната собраниска дебата и однесувањето на политичките чинители во законодавниот дом.

„По матирањето што го доживеа опозицијата на претходната седница, денеска води политика, а ние бараме институционални одговори! Надзорната расправа за АЛТА банка треба да утврди факти, законски надлежности и конкретна одговорност, а не да се претвори во политичка пресметка. Уставот и законите мора да бидат над дневната политика! Добро да се следат прашањата, а уште повнимателно одговорите на повиканите сведоци“, пишува Стојаноски.