Во Македонија платите на премиерот, министрите, судиите, обвинителите, замениците и градоначалниците и другите избрани и именувани функционери се зголемени за 78 отсто, пренесува Aljazeera Balkans. 

Зголемувањето на нивните приходи, кои сега ќе изнесуваат од 1.800 до 2.200 евра, е резултат на одлуката на Уставниот суд кој укина одредени членови од законот. Претставниците на синдикатот се револтирани.