Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера убедливо победи со 17.880 гласови, на пребројани 100% од гласовите на ДИК.

Наспроти него, кандидатот од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски освој 8.766 гласови.

Остатокот од гласовите го поделија кандидатите на ИНТЕГРА И ТМРО.

Според официјалните податоци, во советот на општината влегуваат и 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ, додека само 7 од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: 16

СДСМ:7

ЛЕВИЦА: 3

ДУИ:1