Како што јавува News33 а пренесува „Лајм“ неофицијално се дознава дека причината за неприфаќањето е несоодветната образовна квалификација.
Околу оваа информација не даваат коментар ниту Министерството за екологија, ниту од Агенцијата за просторно планирање предводена од директорката Андријана Андреева.
Медиумот објавува дека освен одбивањето на вработени директорката не го почитува ниту Законот за употреба на јазиците, а интернет-страницата на оваа институција е само на македонски јазик. Порталот тврди дека според јавниот список на вработени во оваа агенција, таму нема ниеден Албанец меѓу 31 професионално вработени.