Биографија
Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград.
По што ќе остане запаметен Стојан Андов?
На првите повеќепартиски избори во 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. Повторно е избран за пратеник и на изборите во 1994 година и за претседател на Собранието.
Во тоа својство по атентатот над претседателот Киро Глигоров ја извршуваше функцијата привремен претседател на Македонија од октомври 1995 до јануари 1996 во периодот до закрепнување. Андов е избран за пратеник и на изборите 1998 година, а веќе идната година на изборите беше и кандидат за претседател. На 30 ноември 2000 година повторно е избран за прв парламентарец и на таа должност остана до септември 2002 година.
Авторска дејност
Андов е автор на делата „На мој начин“, „Патувањата на далечниот исток – Ирак“, „Ставот и љубовта“, „Кико, Американецот и Приказната на Марија“.