Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕП 2027, славејќи над селекцијата на Косово со 28:22.
Иако Косово поведе на стартот од овој меч кој се одигра во салата „Расадник“ во Скопје, Македонија сепак на пауза замина со убедливо водство од 15:9.
Во вториот дел нашите млади ракометарки исто така одиграа квалитетно и на крајот славеа победа.
Глогуновска, Ѓурчевска и Филимановски запишаа по пет голови.
Инаку во оваа група Б, во првиот меч Литванија ја победи Грција со 31:17.
Утре во 18.30 часот Македонија го игра следниот натпревар.
