Ракометарите на ГРК Охрид вечерва забележаа нова првенствена победа, откако во натпревар од 10. коло во македонската Суперлига успеаја да го совладаат составот на Младост со резултат 24:20.
Ова беше вкупно осма победа за охридскиот тим во тековната сезона, додека за екипата од Богданци ова претставува седми пораз во шампионатот.
Ѓукиќ со 5 постигнати голови беше најефикасен ракометар во редовите на победничкиот состав, додека кај гостинската екипа на Младост најдобар поединец беше Андоновски, кој натпреварот го заврши со 8 постигнати погодоци.
