Како што соопшти МВР, во 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци.

Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот во велешката болница му била ампутирана левата нога, а вториот имал само нагмечувања на шаката .Двајцата биле препратени на понатамошно лекување во одделот Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје, информираше утрово за МИА, д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.