Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзалната сала во Скопје и член на Либерално-демократската партија почина денеска. Ова го соопштија од партијата преку објава на Фејсбук.

Филип Аврамчев беше познат по својата ангажираност и искуство како активист и професионалец во јавниот и приватниот сектор. Роден е во Скопје, каде што го започнал своето образование. Подоцна го продолжил и во Оклахома, Атина и Женева.

Во текот на неговата кариера, во 2013 година бил дел од тимот во Општина Центар. Подоцна бил именуван за директор на „Универзална сала“. По завршувањето на јавната функција, Аврамчев се вратил во приватниот сектор, каде што продолжил да работи до крајот на својот живот.

Од ЛДП истакнаа дека тој ќе остане запаметен како посветен човек, со голема енергија и визија.

Посмртните останки на Филип Аврамчев ќе бидат изложени утре, 8 мај 2025 година (четврток), во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Извор: Курир