Почина Игор Југ на 54-годишна возраст – сомнеж за срцев удар

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој издржуваше 12-годишна затворска казна.

Според првичните информации, Југ најверојатно починал од масивен срцев удар, бидејќи лекарите, кога пристигнале, можеле само да констатираат смрт.

Изјава од директорот на Управата за санкции

Веста за смртта ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.

„На Југ му се слошило додека бил дома поради влошено здравје“, изјави Пандов.

Игор Југ бараше повторно судење

Игор Југ бараше повторно судење за случајот „27 април“, тврдејќи дека не го загрозил уставниот поредок на Македонија и дека не сторил терористичко загрозување.

Тој бараше повторно судење на целиот процес. Подолу може да ги прочитате сите осуденици за 27 април

Граѓаните со порака: Уставобранителите не се терористи ниту убијци, тие се родољуби!

Потсетуваме, вечерта на 27 април 2017 година, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, во хаотична ситуација, демонстрантите предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ протестираа пред зградата на Собранието, а потоа насилно влегоа во собраниската зграда, при што беа повредени пратеници и новинари.

Судскиот совет пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелациониот суд подоцна ги намали казните, но за само една или две години. Од вина е ослободено само едно лице.