На 96 годишна возраст денеска почина кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора – јави БиБиСи.

Од кралското семејство јавија дека попладнево кралицата починала во нејзиниот замок во Балморо, Шкотска.

Кралицата беше глава на државата во обединетото кралство цели 70 години.

Таа претставуваше столб на Обединетото Кралство но и на стабилноста во светскиот поредок.

Неа ќе ја наследи принцот Чарлс, кој од денеска е крал на Обединетото Кралство.

Следуваат десет денови на жалост во Обединетото Кралство, за десет дена оваа маркатна фигура ќе биде погребана во Лондон