На 89-годишна возраст во Рим почина Паоло Булгари, познатиот италијански дизајнер на накит и долгогодишен претседател на луксузната модна куќа „Булгари“, соопшти неговото семејство.
Тој даде огромен придонес семејната компанија „Булгари“ да прерасне во еден од водечките светски брендови за луксузен накит и препознатлив симбол на италијанскиот стил.
Во официјалното соопштение, семејството му оддаде последна почит на Паоло Булгари, истакнувајќи ја неговата исклучителна човечност и претприемачки талент, како и неговата длабока посветеност кон Италија, чиј амбасадор беше низ целиот свет преку својата креативна дејност.
„Со неговата смрт, го загубивме најголемиот дизајнер на накит на нашето време“, наведуваат членовите на семејството.
