Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот сограѓанин, поранешен градоначалник на Општина Кавадарци и претседател на Советот, г-динот Иван Чулев, човек кој остави длабока трага во развојот и животот на нашиот град, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

-Замина човек за почит, искрен пријател, посветен работник и личност која со својата мудрост, чесност и човечност знаеше да обединува и да биде поддршка за многумина. Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него ќе живее меѓу граѓаните и сите што имаа чест да го познаваат.
Во мое лично име и во име на Општина Кавадарци, изразувам искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои тагуваат по неговата загуба.
Нека почива во мир, објави Јанчев.