Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.