Се множат трагедии со смртни последици на скопските булевари, а сообраќајната некултура доминира во Скопје, последната трагична несреќа се случи вчера на булеварот пред мостот Гоце Делчев во близина на пешачки премин, каде смртно беше прегазен 75 годишник, кога во него удрило возило БМВ управувано од жена со кумановски регистарски таблички, истрагата треба да ги расветли причините за оваа трагедија.

Минатата недела кај трговскиот центар „Сити Мол“, 22 годишник на пешачки смртно ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш, за овој случај на возачот му беше определен 30-дневен притвор, причините за трагедијата допрва ќе се утврдуваат од истрагата која се уште е во тек.

48-годишен маж загина во сообраќајната несреќа која се случила во вторник вечерта во населбата Ново Лисиче во близина на центарот Лиса, а неговата 15 годишна ќерка е тешко повредена, во несреќата учествувале автомобил „Рено“ управуван од 21 годишник и автомобил „Фолксваген поло“ управуван од починатиот.

Инаку и вчеравечер 18 годишник со својот автомобил прегазил 72 годишна жена која поминала со тешки повреди.