Една од најголемите легенди на Њујорк Никс, Вилис Рид, кој целата своја НБА кариера ја мина во овој клуб и освои две титули во 70-те години од минатиот век, почина на 81-годишна возраст после долга и тешка срцева болест поради која беше неподвижен веќе некое време.
Рид беше капитен на шампионската генерација на Њујорк од 70-те години, двапати беше прогласен за МВП на финалето, а седум пати беше ол-стар играч. Во 1970 година ја освои и МВП наградата за најкорисен во НБА.
Најславниот момент во кариерата на Рид е моментот кога повреден во 1970 година го водеше Њујорк до својата прва титула, а во Никс ја мина целата кариера од 1964 до 1974 година. Поради повреда на коленото не можеше да ја продолжи кариерата, а имаше просек од 18,7 поени и 12,9 скокови.