– Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа, информира амбасадорот Марковски преку објава на македонски, албански и англиски јазик.

Тој додава дека во исто време страната ќе биде „ваш hot spot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот“.

– Јас и мојот тим ве покануваме на заедничко патување во светот на пријателството меѓу македонскиот и албанскиот народ. Искрено ваш амбасадор Д-р Дaнчо Марковски, стои во објавата.

Амбасадата денеска преку Фејсбук објава, на македонски и албански јазик, упати честитка до сите верници од католичка вероисповест, по повод празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден.